детант | м.
Попуштање на напнатоста во меѓународните односи, намалување на опасноста од војна.
детаљ | м.
Ситница, подробност, поединечност, составен дел од целина. Еден детаљ. Многу детали. Кажува (во) детали.
дете | ср.
Човечко суштество во раниот период од својот развој, од раѓање до пубертет; момче или девојче во рана возраст. Дете годиначе. Мало дете. Сите деца се исти.
детектив | м.
Лице што истражува прекршоци, злосторства, убиства и сл.; припадник на тајна полиција или на приватна известувачка агенција, таен агент. Приватен детектив.
детектира | св. и несв.
Открие, открива, согледа, согледува, воочи, воочува. За среќа навреме ги детектиравме аномалиите во развитокот на плодот.
детектор | м.
Апарат што ги фаќа радиосигналите и другите електромагнетни бранови и ги претвора во звучни. Бренли го пронашол првиот детектор за електромагнетски бранови во 1890 година.
детел | ср.
Клукајдрвец; Pucus varius
детелина | ж.
Ливадска билка обично со по три зелени заоблени ливчиња на тенко стебленце; Trifolium pratense. Детелината со четири листа носи среќа. Росна детелина.
детенце | ср.
Весело детенце.
детергент | м.
Хемиско средство (во вид на прашок, на течност и др.) за чистење, миење и перење разни предмети (алишта, садови и др.). Детергент за перење алишта. Детергент за миење садови.