дефектен | прид.
Што е со недостаток, што е оштетен, расипан, што е неупотреблив. Дефектен автомобил.
дефетизам | м.
Чувство на истрошеност, исцрпеност, малодушност, неверување во успехот на некоја акција.
дефетист | м.
Тој што не верува во успех или во победа, малодушен човек.
дефиле | ср.
Параден марш (на војска); свечена поворка.
дефилира | несв.
Минува во дефиле.
дефинира | св. и несв.
Даде, дава дефиниција на некој поим; начин на кој нешто ќе функционира, определи, определува, објасни, објаснува некој поим. Ја дефинира фонемата. Ги дефинира задачите. Тој период го дефинираат како најмрачен. Ги дефинира своите ставови.
дефиниран | прид.
Што е определен, што е објаснет. Дефинирани задачи. Дефиниран план на развојот на селото.
дефинитивен | прид.
Конечен, решавачки, заклучен. Дефинитивен облик. Дефинитивна верзија. Дефинитивна одлука. Дефинитивна форма. Дефинитивно решение.
дефиниција | ж.
Збиено, јасно и разбириливо објаснување на некој поим со кое се искажува суштината. Изведува дефиниција. Општа дефиниција. Концизна дефиниција. Куса дефиниција.
дефицит | м.
Кусок во благајната или на сметката. Дефицит од неколку милиони денари.