дефицитарен | прид.
Што е во загуба, што покажува кусок, што има повеќе давачки одошто примања; дефицитен.
дефицитен | прид.
Што е во загуба;
дефлаторен | прид.
Што се однесува на дефлација, што предизвикува дефлација. Дефлаторни движења. Дефлаторна политика.
дефлација | ж.
Намалување на количеството пари во оптек заради зголемување на нивната куповна вредност;
деформација | ж.
Промена на нормалниот облик на некое тело под некакво влијание; изменетост, изобличеност, искривеност. Големи деформации. Различни деформации.
деформира | св. и несв.
Изобличи, изобличува нешто, обезличи, обезличува. Ја деформира вратата. Ги деформира фиоките.
деформиран | прид.
Изобличен, расипан, обезличен. Деформиран агол. Деформирани табани.
дефтер | м.
Книга што е водена во турскиот период, тефтер. Турски дефтери.
дехидратација | ж.
Губење на водата во организмот. Дехидратација на растенијата. Дехидрација на човекот
дехидрира | св. и несв.
Изгуби, губи вода, остане, останува без доволно вода во организмот.