дивоградба | ж.

Изграден објект без градежна дозвола. Оваа куќа е дивоградба. Дивоградбите ги рушат.

дивотина | ж.

Дивеч.

дивотија | ж.

Дивина. Природна дивотија. Планинска дивотија.

дивјак | м.

(пејор.) Припадник на примитивно племе, човек што живее во дивјаштво; домородец.

дивјачка | ж.

Дива некалемена овошка и плодот од неа. Неузреана дивјачка. Круша дивјачка.

дивјачки | прид.

Што се однесува, што припаѓа на дивјак, што има особини на дивјак. Дивјачко племе. Дивјачко суштество.

дивјаштво | ср.

Првиот стадиум во развојот на општеството. Ерата на дивјаштвото. Фантастичните приказни се развиле од приказните за животните и од митот, веројатно кон крајот на периодот на дивјаштвото.

дивјаштина | ж.

Дивјаштво, дивјачко однесување. Се вчудоневидов од дивјаштината што владееше меѓу нив.