дивергира | св. и несв.

Се размине, се разминува, се оддалечи, се оддалечува еден од друг. Дивергираат од главната тема.

диверзант | м.

Човек што врши диверзија, учесник во диверзија. Група од шестмина диверзанти.

диверзија | ж.

(воен.) Самостојна воена операција со цел да се одвлече вниманието на непријателот од главното боиште. Со диверзијата ќе го одвлечеме вниманието на непријателот.

дивеч | м.

Диви животни што се ловат (обично оние чие месо се јаде). Крупен дивеч. Пердувест дивеч. Печен дивеч. Месо од дивеч. Кожа од дивеч. Ловиште на дивеч.

диви се | несв.

Станува див, не се однесува питомо, нормално (од страв и сл.).

дивиденда | ж.

Сразмерен дел од добивката на акционерското друштво што им се дава на акционерите врз основа на билансот. Доби дивиденда. Дивидендата расте.

дивизион | м.

Стратегиска единица составена од две до три батерии во артилеријата или од два до три ескадрона во коњицата и сл.

дивизија | ж.

Најголема здружена воена единица за самостојно дејствување. Артилериска дивизија. Воздушна дивизија. Тенковска дивизија.

дивина | ж.

Диво, непроодно, зафрлено, ненаселено место, земјиште. Пуста дивина. Повик на дивината.

дивит | м.

Мастилница од сребро или од друг метал.