дигресија | ж.
Отстапување, оддалечување од основната мисла, од основната тема. Мала дигресија. Непотребни дигресии. Често прави дигресии.
дидактика | ж.
Дел од педагогијата што се занимава со општите методи и форми на наставата.
дидактичар | м.
Тој што се занимава со дидактика; добар, успешен во наставата.
дидактичен | прид.
Што е поучен, што поучува. Дидактични песни.
диета | ж.
Посебен режим на исхрана, сообразен со состојбата на организмот, што се состои во умереност или откажување од определени продукти (обично од масти) во исхраната. Строга диета. Диета за болниот препорачана од лекар.
диетален | прид.
Што е наменет за диета. Диетална храна. Диетален пијалак.
диететика | ж.
Наука за правилната исхрана на организмот.
диететичар | м.
Тој што се занимава со диететика.
диецеза | ж.
Кај православните, област под управа на владика, епископ – епископија; кај католиците, област под управа на бискуп – бискупија; кај протестантите, област под управа на парох – парохија.
Дижон | м.
Град во Франција.