дивиденда | ж.
Сразмерен дел од добивката на акционерското друштво што им се дава на акционерите врз основа на билансот. Доби дивиденда. Дивидендата расте.
дивизија | ж.
Најголема здружена воена единица за самостојно дејствување. Артилериска дивизија. Воздушна дивизија. Тенковска дивизија.
дивизион | м.
Стратегиска единица составена од две до три батерии во артилеријата или од два до три ескадрона во коњицата и сл.
дивина | ж.
Диво, непроодно, зафрлено, ненаселено место, земјиште. Пуста дивина. Повик на дивината.
диви се | несв.
Станува див, не се однесува питомо, нормално (од страв и сл.).
дивит | м.
Мастилница од сребро или од друг метал.
дивјак | м.
(пејор.) Припадник на примитивно племе, човек што живее во дивјаштво; домородец.
дивјачка | ж.
Дива некалемена овошка и плодот од неа. Неузреана дивјачка. Круша дивјачка.
дивјачки | прид.
Што се однесува, што припаѓа на дивјак, што има особини на дивјак. Дивјачко племе. Дивјачко суштество.
дивјаштво | ср.
Првиот стадиум во развојот на општеството. Ерата на дивјаштвото. Фантастичните приказни се развиле од приказните за животните и од митот, веројатно кон крајот на периодот на дивјаштвото.