динар | м.
Основна парична единица во некои земји, некогаш и сега. Југословенски динар.
Динариди | и.
Планински масив во Хрватска и Босна и Херцеговина.
династија | ж.
Владетелско семејство, наследна лоза. Кралска династија.
динго | м.
Австралиско диво куче; Canis lupus familiaris dingo.
динка | ж.
Воденица во која се лупи ориз.
динкаџија | м.
Воденичар во динка.
диносаурус | м.
Изумрен огромен влекач од времето на мезозоикот.
диода | ж.
Електронска цевка со две електроди: катода и анода.
диоптер | м.
Направа за визирање со чија помош се насочува една визирна линија кон определена точка. Гледано низ диоптер.
диоптрија | ж.
Единица за мерење на прекршувањето на светлината кај оптичката леќа, обично при мерење на степенот на далековидоста или на кратковидоста заради корекција на видот. Контактни леќи со голема диоптрија.