дирекција | ж.

Главна управа на претпријатие или на организација и сл., обично водена од директор. Претставници од дирекцијата.

диригент | м.

Тој што диригира при изведување на музичко дело.

диригира | несв.

Управува со хор или оркестар при изведување на музичко дело.

дисаѓи | и.

Споени две торби (обично ткаени) што се носат преку рамо или се префрлаат преку товарен добиток (коњ, магаре); бисаги. Ги префрли дисаѓите преку коњот. Ги истовари дисаѓите.

дисертација | ж.

Научен труд што се брани јавно пред комисија на висока наставнонаучна установа за добивање научен степен. Докторска дисертација.

дисидент | м.

Отпадник од движење, организација, општествено-политички систем, вера, со кои се согласувал и на кои им припаѓал.

дисидентство | ср.

Постапка или особина на дисидент, дисидентско дејствување; отпадништво.

диск | м.

Послужавник. Бакарен диск со шолји за кафе.

дисквалификација | ж.

Прогласување некого за неспособен или за недостоен за вршење некоја работа, за некое звање и сл.

дисквалификува | св. и несв.

Онеспособи, оснеспособува, прогласи, прогласува некого за неспособен, неквалификуван за нешто.