дискета | ж.
Мала плоча за складирање, за чување и за понатамошно користење на податоци (обично информатички).
диско | ср.
Дискоклуб.
дискограф | м.
Тој што се занимава со дискографија.
дискографија | ж.
Дејност што се состои во производство на грамофонски плочи, касети и сл.
дискоклуб | м.
Обично затворена просторија во која се собираат младите за да слушаат модерна музика и да играат, да танцуваат. Модерен дискоклуб.
дисконт | м.
Каматен процент што се одбива при купување меница, чек со уште непристигнат рок на плаќање.
дисконтинуиран | прид.
Што нема континуитет, испрекинат, неповрзан. Дисконтинуиран развој.
дисконтинуитет | м.
Испрекинатост, неповрзаност, прекин; Историски дисконтинуитет.
дискотека | ж.
Збирка грамофонски плочи, магнетофонски записи, аудиокасети, компактдискови.
дискредитира | св. и несв.
Направи, прави некој да изгуби доверба, добар глас, наруши, нарушува углед некому.