догорчи ми | св.

Почувствува горчина.

доготви | св.

Подготви, суреди до крај. Ја чекаше да ги доготви алиштата во куферот.

дограба | св.

Ограби, пљачкоса до крај. Сѐ што им остана војската го дограба.

дограби | св.

Дофати, зграпчи. Одвај втасале да ги дограбат децата.

доградба | ж.

Нешто што дополнително се доградува, дел што е доѕидан до некој објект. Во доградбата што ја направија сместија кираџии.

догради | св.

Изгради до крај, заврши со градењето. Тој ја догради куќата пред да фати зимата.

дограма | ж.

Градежна дрвенарија (прозорци, врати и др.).

дограмаџилак | м.

Столарски занает.

дограмаџија | м.

Лице што изработува предмети од дрво, столар.

дограпчи | св.

Зграпчи, дофати. Во трчање го дограпчи палтото и јурна низ вратата.