догние | св.
Изгние до крај. Лисјата под дрвото догнија.
догнои | св.
Нагнои, наѓубри тоа што било започнато со гноење до крај. На пролет нивата треба да се догнои.
договарач | м.
Лице што учествува во договарање, во склучување договор; преговарач, посредник.
договор | м.
а) Постигната согласност, писмена или усна, помеѓу две или повеќе страни за нивните меѓусебни односи, права и задолженија; спогодба. Денес мораме да потпишеме договор и да ја уплатиме првата рата. Колективен договор. Општествен договор. б) Советување, разговор за донесување заеднички одлуки. Во оваа тивка ноќ се собравме како браќа и луѓе на договор. в) Заедничка одлука донесена по некој разговор. Телефонскиот договор за средба и интервју беше мошне кус и ефикасен.
договорен | прид.
Што учествува во договор, што се засновува на договор; спогодбен. Договорни страни. Договорно решение.
договори | св.
Постигне договор; закаже, организира (средба, состанок). Ја договорил продажбата на куќата. Таа ја договори нивната средба за утре. Секретарката ги договори сите состаноци со странките.
доголта | св.
Проголта до крај.
догони | св.
Стигне некого. Го догони крадецот на крајот од уличката.
догори | св.
Изгори до крај, престане да гори. Пламенот ќе догори и ќе остане само жарот. Цигарата му догоре меѓу прстите.
догорче | ср.
Остатокот од цигарата до филтерот. Од секое догорче палеше нова цигара.