додола | ж.

Народен обичај во кој учесниците, најчесто девојки, во врели и сушни денови, одат од куќа на куќа, се прскаат со вода и пеат посебни песни, молејќи да заврне дожд.

додоларка | ж.

Девојка што учествува во обредот додола.

додолу | прил.

До најниското место, најниско. Таа, како секогаш, беше закопчана одгоре додолу. Трчаше по ридот сѐ додолу.

Додома | ж.

Главен град на Танзанија.

додржи | св.

Држи додека треба. Одвај го додржа да не го пушти да падне.

додупи | св.

Заврши со дупењето.

доенче | ср.

Бебе цицалче. Во крошната на доенчето фрлија пари за да му биде богат животот.

дожали | св.

Престане да жали некого или нешто, прежали. Го дожали ли веќе изгубениот шал?