дожд | м.

Атмосферска појава во вид на водни капки што паѓаат од облаците. Вчера падна пороен дожд.

дождалец | м.

Водоземно животно, слично на гуштер, со црна боја и со жолти дамки по телото, коешто живее во влажни предели; Salamandra maculosa. Дождалците се појавуваа од жолтите лисја под соголените дрвја.

дождарка | ж.

Додолска песна. Дождарки се пеат во пролет за да биде годината родна.

дождевен | прид.

дожделив | прид.

дожден | прид.

дожди | несв.

Врне, паѓа дожд. Во квечерината дождеше ситно, а баба ми ми раскажуваше приказни.