доизведе 1 | св.
Изведе сѐ, сите; заврши со изведувањето. Пожарникарите ги доизведоа сите жртви од зградата. Старецот нѐ доизведе до една полјанка. Ја доизведе равенката. И покрај техничките проблеми, актерите ја доизведоа претставата.
доизведе 2 | св.
За птици – веде малечки до крај. Квачката ги доизведе пилињата.
доизвезе 1 | св.
Заврши, доизработи нешто со везење. Таа го доизвезе гобленот.
доизвезе 2 | св.
Извезе во друга земја нешто до крај, заврши со извозот на некоја стока. Ги доизвезовме и преостанатите неколку тона пиперки.
доизветрее се | св.
Се изветри сосема, до крај.
доизветри се | св.
доизвиди | св.
Извиди секаде, заврши со извидувањето на некоја околина.
доизвитка | св.
Извитка до крај, сосема.
доизвиши се | св.
Се извиши до крај, сосема.
доизвлече | св.
Извлече сосема, до крај.