доизбере | св.

Заврши со избирањето. Вчера ги доизбравме народните пратеници уште во останатите неколку пункта.

доизбистри | св.

За вода, течност или раствор – направи да се избистри до крај, сосема. Рибата чистач ја доизбистри водата во аквариумот.

доизбичи | св.

Избичи сѐ што останало, до крај.

доизблуе | св.

Поврати сѐ, до крај, заврши со повраќањето.

доизбрише | св.

Избрише до крај, сосема. Ученикот ја доизбриша таблата.

доизбрка | св.

Ги брка сите, до еден. Сосетката ги доизбрка кокошките од нејзиниот двор.

доизброи | св.

Заврши со броењето, ги изброи сите до еден. Ги доизброи јаболката и си касна едно.

доизвади | св.

Извади до крај, сѐ. Продавачката ги доизвади сите кошули за да имам поголем избор.

доизвалка | св.

Валка до крај нешто извалкано. Помина еден автомобил и ми ги доизвалка панталоните.

доизвари | св.

Вари нешто до крај, сосема.