доизеде | св.
Изеде сѐ, до крај, дојаде.
доизлади | св.
Излади нешто сосема, добро, доволно. Го доизлади млекото ставајќи го на студено место.
доизлезе | св.
Излезе сосема, до крај.
доизлекува | св.
Излекува наполно, до крај.
доизлепи | св.
Излепи сѐ, до крај.
доизмачка | св.
Измачка до крај, заврши со мачкањето.
доизмеси | св.
Измеси сѐ што е предвидено, сите теста.
доизмете | св.
Измете до крај.
доизмие | св.
Измие сѐ што било за миење.
доизноси | св.
Износи сосема, до искинување облека, обувки. Палтото ти е старо, го доизноси веќе.