доизоди | св.
Изоди до крај.
доизора | св.
Изора до крај.
доизработи | св.
Изработи до крај.
доизрази | св.
Изрази нешто сосема, до крај. Песната ја доизразува мудрата идеја: сѐ да се создава по законите на убавото.
доизрамни | св.
Израмни наполно, сосема.
доизрече | св.
Изрече сѐ, до крај.
доизучи | св.
Изучи до крај некоја дејност, училиште, степен на образование. Чиракот го доизучи ковачкиот занает кај друг мајстор.
доизѕида | св.
Изѕида до крај, сосема.
доизјаснетост | ж.
Состојба на изјаснување до крај, целосно.
доизјасни | св.
Изјасни нешто сосема, до крај. Тој се обидува да го доизјасни изворното дело со детали.