доислуша | св.
Ислуша сѐ, до крај.
доиспасе | св.
Испасе сѐ, до крај.
доиспере | св.
Испере сѐ што било за перење. Ги доисправ алиштата.
доиспече | св.
Испече сѐ што било за печење. Ги доиспеков сите пиперки.
доиспие | св.
Испие сѐ што има. Гостите го доиспија пивото.
доиспита | св.
Испита до крај, заврши со истражувањето. Дејството на новиот серум го доиспитаа врвни научници.
доисплакне | св.
Исплакне сѐ што било за плакнење.
доисплати | св.
Исплати нешто сосема, до крај. Го доисплати кредитот за стан.
доисплаче | св.
Престане со плачењето. Ја доисплакавме старата куќа.
доисполни | св.
Исполни до крај, сосема нешто неисполнето. Останатиот простор го доисполнивме со разни дребулии.