доисправи | св.

Исправи нешто или некого сосема. Мајсторот го доисправи клинот со чекан. Таткото се поткрена, а синот го потфати и го доисправи.

доиспразни | св.

Испразни нешто до крај. Ја доиспразни чашата со вино.

доиспрати | св.

Испрати сѐ што било за испраќање. Вчера сестра ми ми ги доиспрати алиштата.

доиспраша | св.

Испраша за сѐ, до крај. Стоевме уште со сосетката и ме доиспраша за сѐ и сешто.

доиспреде | св.

Испреде сѐ, до крај. Ја доиспреде волната.

доиспродаде | св.

Испродаде сѐ, до крај. Го доиспродаде имотот во селото.

доиспуши | св.

Испуши сѐ, до крај. Ја доиспуши кутијата цигари.

доистанчи | св.

Истенчи сосема, до крај. Баба ми ја доистенчи кората.

доистепа | св.

Истепа, убие сѐ, сите до еден.

доистера | св.

Истера, избрка сѐ, сите до еден. Жената ги доистера децата од пред зградата.