доистовари | св.
Истовари сѐ. Ја доистоварија стоката во камионот.
доистопи 1 | св.
Истопи сѐ, сите. Ги доистопив диплите што се за перење.
доистопи 2 | св.
Истопи сѐ. Го доистопи златото што го имаше.
доистреби | св.
Истреби, исчисти нешто сосема, до крај. Те молам, доистреби го гравот.
доистрезни | св.
Истрезни некого сосема, дотрезни. Студениот воздух ги доистрезни свадбарите.
доистресе | св.
Истресе сѐ.
доистрие | св.
Истрие сѐ.
доиструже | св.
Иструже сѐ што било за стружење.
доистури | св.
Истури нешто до крај, испразни. Доистури го гравот од вреќата. Доистури ја водата од шишето.
доистурка | св.
Истурка сѐ, сите до еден. Ги доистурка кеглите.