домами | св.

Привлече некого да дојде, придобие со мамење. Тој ме домамил ваму за да ме фатат во стапица. Свирката го домамила девојчето.

домар | м.

Лице што се грижи за одржување на дом, куќа, простории и сл. Клучевите се кај домарот.

домаршира | св.

Стигне марширајќи до определено место, до некаде. Тие домаршираа пред неа и ја поздравија строго.

домаси | прил.

Во својот дом, дома. Се вратил домаси.

домат | м.

Вид едногодишно градинарско растение со црвени, тркалезни и сочни, месести плодови што се користат во исхраната (за салата, сок, додаток при готвење); плодот на ова градинарско растение; Lycopersicum esculentum. Плодот на доматот е сочен. Имале големи плантажи на кои одгледувале домати. Кошница полна со домати. Летно јадење од домати и пиперки.

доматен | прид.

Што е направен од плодови на домати. Доматен сос. Доматно пире.

домачка | св.

Заврши со мачкањето. Го домачка целиот путер на лебот.

домачне ми | св.

Ми) стане мачно, досадно, непријатно. Му домачне да го гледа. Кога ќе ти домачни, ќе бегаш. Му домачнело да молчи.

домашар | м.

(разг.) Тој што сака да седи дома. Нејзиниот маж е домашар. Ние со мажот ми сме домашари.