домазетство | ср.

Состојба на мажот што живее како домазет. Во нивната фамилија никогаш немало домазетство.

домака | св.

Заврши со макањето. Го домака јадењето во чинијата.

домаќин | м.

Лице што управува со куќата, со домот; глава на семејството, стопан. Секој домаќин си остава наследник на куќата. Многу домаќини ги напуштија своите огништа.

домаќинка | ж.

домаќин_1_2_3_6 Ќерка ти е домаќинка на место. Јас сакам домаќинка на куќата. Се знаат ли работите на селска домаќинка особено во побогата куќа? Сам сум, откако ми умре домаќинката.

домаќинов | прид.

Што се однесува на домаќин. Домаќинов адет.

домаќински | прид.

Што се однесува на домаќин. Да направиме домаќински муабет. Му ја згази честа и домаќинското достоинство. Ја заменуваше во сите домаќински работи.

домаќинство | ср.

Лицата што живеат заедно како едно семејство и нивниот имот. Таа ќе има свое домаќинство. Во Македонија биле колонизирани околу 7 000 домаќинства.

домал | прид.

За прст – што се наоѓа меѓу средниот и малиот прст. Секирата ми го преполови домалиот прст. Се удрил со камен по домалиот прст.