доразвие | св.

Развие целосно, до крај. Остави го цвеќето да доразвие.

доразвитка | св.

Развитка целосно, до крај. Се мачеше да го доразвитка подарокот.

доразгледа | св.

Разгледа целосно, до крај. Ги доразгледа понудените слики и одлучи да купи една.

дорамни | св.

Рамни, израмни сосема, до крај. Дорамни ја косата убаво за да те потстрижам како што треба.

дораскаже | св.

Раскаже сѐ, до крај. Не ме остави да ти дораскажам. Набрзина ја дораскажа случката.

дораснат | прид.

Што е развиен до определен степен, што е способен, подготвен за нешто. Се гордееше што има син дораснат за пушка. Сметаше дека тој му е дораснат противник.

дорасне | св.

Израсне до определен степен, во доволна мера. Ластунката веќе дораснала до стеблото.

дорастури | св.

Растури до крај. Детето ги дорастури и останатите играчки.