досмрди ми (ти му...) | св.
Почувствува лош, непријатен мирис, реа. Ми досмрде нешто во фрижидерот.
досмртен | прид.
Што трае до смртта; доживотен. Тој беше негов досмртен непријател.
дособере | св.
Собере сѐ, до крај. Дособраа сѐ што останало во дворот. Сливите изнародија толку многу што не можеа да ги дособерат.
дособлече | св.
Слече сѐ, до крај. Детето плачеше и не оставаше да го дособлечат.
досоли | св.
Стави уште сол, во доволна мера. Ја досоли супата и ја принесе на масата.
досони | св.
Заврши со сонувањето. Ме разбуди и не ме остави да го досонам сонот.
дососа | св.
Заврши, потроши нешто целосно, до крај. Не ме остави да ги дососам работите. Сме го дососале шеќерот.
доспадне | св.
Спадне до определена мера, до крај. Се очекува нивото на реката да доспадне во текот на денот.
досрка | св.
Срка, исрка до крај. Ја досрка чорбата и си легна.
доста | прил.
Толку колку што е потребно; доволно. Во сандакот имаше доста храна за сите. Ако можеш да разбереш, доста ти се и овие зборови.