доскока | св.
Престане да скока. Како некој скакулец, тој цел ден скока, скока и доскока.
доскорешен | прид.
Што бил, што постоел до пред извесно време, до неодамна. Нивното доскорешно пријателство се претвори во омраза. Беше збунет и исплашен од доскорешните истрели во ноќта.
доскоро | прил.
До пред извесно време, до неодамна. Доскоро местото беше запуштено и морничаво. Доскоро, тие двајцата беа во конфликт.
доскубе | св.
Заврши со скубењето, искубе до крај. Ја доскуба попарената кокошка.
доследен | прид.
Што се држи до определено мислење, што има свој став; принципиелен. Тој остана доследен на својот збор. Тие биле доследни следбеници на христијанството.
дословен | прид.
Што е предаден сосема точно, што е од збор до збор точно прочитан, пренесен или преведен; буквален. Текстот е дословен превод на еден стар ракопис.
дослужи | св.
Служи до определено време, до крај. Воениот рок го дослужи во една погранична караула.
дослух | м.
Тајна врска, тајно договарање. Писмото докажува дека тој бил во дослух со кралот.
дослуша | св.
Заврши со слушањето, ислуша до крај. Тие внимателно го дослушаа предавањето на професорот. Тој ја дослуша емисијата и го исклучи радиото.
дослушне | св.
Чуе со напор, чуе слабо. Се обидуваше да го дослушне нивниот разговор.