дрвоса | св.

Направи да стане нешто тврдо како дрво. Ја дрвосаа варта.

дрвосечач | м.

Лице што сече дрва во шумата.

дрвојад | м.

Вид црв, штетник што ги напаѓа дрвјата; Cossus cossus. Дрвцето е уништено од дрвојади.

дрдало | ср.

Дел од гајда; брчало, бучало. Дрдалото на гајдата.

дрдореница | ж.

Безначаен, бесмислен збор. Навредливи дрдореници.

дрдори | св.

Постојано, многу зборува, обично за безначајни работи. Глупости дрдорат. Сешто дрдореше. Оди и не дрдори многу.

дрдорко | м.

Тој што многу дрдори. Симпатичен дрдорко. Чаршиски дрдорковци.

дрдорлив | прид.

Што многу дрдори. Дрдорливо дете. Дрдорливи жени.