дрвеница 2 | ж.
Полукружна штичка на предниот дел од самарот. Се држеше за дрвеницата.
дрвесина | ж.
Ситна, прашинеста материја што паѓа при сечењето на дрвата. Газат на деланки и дрвесина.
дрвник | м.
Глупак, будала. Дрвник ниеден.
дрво | ср.
Повеќегодишно растение со корен, стебло и гранки. Високо дрво. Липово дрво. Шумски дрвја. Гранките на дрвјата.
дрводелец | м.
Занаетчија кој изработува предмети од дрво; столар.
дрводелство | ср.
Дрводелска дејност, занает за изработка на предмети од дрво. Развиено дрводелство.
дрворед | м.
Засадени дрвја во ред покрај улици, булевари и сл. Убав дрворед. Липови дрвореди.
дрворез | м.
Изработка на предмети со сечење и длабење во дрво; резба, копаница. Олтар во дрворез.
дрворезбарство | ср.
Резбарска дејност; резбарство, копаничарство. Народно дрворезбарство.
дрворезен | прид.
Што е изработен во резба. Дрворезен таван.