древен | прид.
Што бил, што постоел многу одамна, во далечното минато. Древни писатели. Древни времиња. Древна историја. Древни ракописи.
дрежди | несв.
Чека долго време на исто место. Дреждиме со отворени очи. Дреждам ноќе.
дрезга | ж.
Се изгубија во дрезгите.
дрезгав | прид.
зарипнат.
Дрезден | м.
Град во Германија.
дремало | ср.
дреме | несв.
Спие во плиток сон. Дремел во колата. Дремеше немирно.
дремеж | м.
Состојба на дремење; дремка. Сонлив дремеж. Го совлада дремежот.
дремка | ж.
Состојба меѓу сонот и будноста; дремеж. Тешка дремка. Слатка дремка. Ме фати дремка.
дремлив | прид.
Што е сонлив, нерасонет. Дремлива мачка. Дремлив поглед. Дремливи очи.