дремливко | м.

Малечкиот дремливко.

дремло | м.

Тој што често дреме, што е склон на дремење.

дремне | св.

Мине кусо време во дремење, малку подреме. По ручекот малку си дремнаа. Оставете ме да дремнам. Нему му се дремнува.

дрен | м.

Шумско не многу големо дрво, што расте во грмушки, со многу тврдо стебло, со жолти цветови и со ситни црвени плодови; Cornus mascula. Бастунче од дрен. Зацутија дрењето.

Дрен | м.

Планина во Македонија.

дренажа | ж.

Исушување на земјиште со помош на одводни цевки и канали.

дренажен | прид.

Што се однесува на дренажа. Дренажен канал. Дренажна мрежа.

дренка | ж.

Плод од дрен. Ракија од дренки. Црвена дренка.