дробнички | ж.
Нанижани пари што се прицврстуваат во косата. Правеше дробнички. Дробнички од златни пари.
дроб-сарма | ж.
Вид јадење приготвено од внатрешните органи на јагне.
дрога | ж.
(само едн.) Исушени делови од лековити растенија што се употребуваат како лек.
дрогерија | ж.
Продавница за козметички производи, за лекови и за други средства за лична хигиена. Во градот има повеќе дрогерии.
дрогира | св. и несв.
Принуди, принудува, натера, тера некого да земе дрога. Ја дрогирале девојката.
дрогиран | прид.
Што користи, што зема дрога. Дрогиран младич. Дрогирани лица.
дрогирање | ср.
Употреба, користење на дрога. Дрогирањето е честа појава меѓу младите. Честите дрогирања му го поматиле умот.
дрозд | м.
Шумска птица што пее убаво; Turdus musikus
дроздалец | м.
дронец | м.