дропка 1 | ж.

Дива гуска. Јато дропки.

дропка 2 | ж.

Симбол формиран од броител и именител како цели броеви што претставуваат рационален број, а се разделени со дробна црта. Решавам дропки.

дропка 3 | ж.

дробенка.

дропла | ж.

Вид голема копнена птица со долг врат и силни нозе; Otis tarda. Јато дропли.

дрочен | прид.

Што е голем, буен, крупен; Дрочен сончоглед. Дрочна ѕвезда. Дрочно жито. Дрочни гроздови.

дрочи | несв.

Расте, станува голем, крупен. Дрочи грозјето. Дрочат сочните плодови.

дрочка | несв.

Дрочи полека, малку по малку; Грозјето дрочка.

дрпа | несв.

Грубо трга, тегне, влече некого или нешто. Ме дрпаше за палтото. Те дрпаат за лактовите.

дрпав | прид.

Што е искинат, парталав. Дрпава облека. Дрпаво дете.