дружен | прид.

Што е заеднички. Дружна борба. Дружни удари.

дружељубив | прид.

Што сака да се дружи, да другарува. Дружељубиво дете. Многу се дружељубиви.

дружина | ж.

Група, здружение, организација формирана врз пријателски, професионален или друг однос. Водач на дружината. Ајдучка дружина. Литературна дружина. Драмски дружини.

друса | несв.

Тресе, ниша. Ја носеа и ја друсаа.

друсаница | ж.

Тресење, нишање. Друсаницава нема крај.