другачка | ж.
другаш | прил.
другиден | прил.
Задутре. Утре или другиден ќе дојдам.
друго | прил.
Инаку, поинаку. Сега е друго. Тој пат друго зборуваше. Јас мислев друго.
друговерец | м.
Лице што е од друга вера во однос на говорното лице или на некој друг. Таа е робинка во домот на друговерец. Којзнае што ги учи бог друговерците.
друговерник | м.
другоселец | м.
Лице од друго село. Непознат другоселец. Дојдоа другоселци.
другост | ж.
Нешто што е издвоено, посебност, различност. Таа ќе се труди да се пронајде во својата другост.
другпат | прил.
Не сега, при друг повод, во друг случај; повторно, пак. Другпат ќе се договориме. Да не ми дојдеш другпат. Ќе се видиме другпат. Другпат за тоа.
дружба | ж.
Пријателски однос, другарство, дружење. Пријатна дружба. Наша дружба. Вечна дружба.