думдум-куршум | м.
Пушчен експлозивен куршум со тап врв кој при ударот се распрснува и прави опасни рани. Ја засипуваше нашата комора со думдум-куршуми.
думежлив | прид.
Што зборува многу. Думежливо дете.
думка | несв.
Удира, тропа по нешто. Со рацете думкаше по вратата. Думка на тапанот.
Дунав | м.
Река во Европа.
дунда | ж.
Назив за женски полов орган, особено кај женско дете, девојче.
дунда | несв.
Мрмори. Дундаше незадоволно. Луто дундајќи си нешто под нос, си замина.
дундест | прид.
Што е дебел, крупен. Дундеста жена. Дундесто лице.
дундури се | несв.
Премногу се дотерува, се прчи. Што се дундуриш толку?
дунум | м.
дунѓер | м.