дунѓерин | м.
Дрводелец. Дунѓеринот делкаше едно дрво.
дунѓерисува | несв.
Работи како дунѓерин. Знае да дунѓерисува.
дунѓерлак | м.
Дрводелство. Се разбира во дунѓерлак.
Дуовден | и.
Христијански празник што се слави на педесеттиот ден по Велигден; Света Троица
дупач | м.
Лице што подбуцнува, задева некого; Тој е голем дупач.
дупачлак | м.
Потсмев, мајтап. Добар е за правење дупачлаци.
дупи | несв.
Прави, отвора дупка во нешто. Го дупеа ѕидот со клинец. По вторпат ги дупев ушите.
дупка | ж.
Отвор во нешто или низ нешто. Дупка во ѕидот. Дупка на ракавот.
дупка | несв.
Дупи по малку, во помала мера; Ако си ги дупкам прстите, да има за кого. Го дупкаше магарето под опашката за да побрза.
дупли | прид.
Што е двојно поголем, двојно повеќе од вообичаеното; двоен. Дупла надница. Дупла мастика. Дупло дно.