дрча | ж.
Невреме кога паѓа снег со дожд, многу лошо време; лапавица. Настрада во една дрча. Дрчите в планина беа многу лоши.
дрчав | прид.
Што се однесува на дрча. Дрчави времиња.
дрчен | прид.
Што е лаком, алчен, ненаситен. Беше дрчен кон храната. Стана многу дрчна.
дрчлив | прид.
дрчник | м.
Тој што е дрчен, лаком. Влегол дрчникот ноќе. Двајца дрчници.
дршка | ж.
Дел од предмет што се држи со раката; рачка. Дршката на ножот. Дршки за мотики.
д'тка | несв.
дуал | м.
дуализам | м.
Истовремено постоење на два елемента или принципа, најчесто спротивни; двојство.
дуалист | м.
Приврзаник на дуализмот.