евоцира | св. и несв.

Оживува спомени, сеќавања. Тие евоцираа спомени од младоста.

Евреин | м.

Припадник на народ со потекло од денешен Израел.

евристика | ж.

Метод на истражување кога се бара вистината преку прашања, се истражува со поставување прашања. Евристиката е употребена како метод при истражувањето, но се употребени и други методологии.

евро | ср.

Парична единица во Европската Унија.

евро- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење европски (евроазиски, евроинтеграции).

Евроазија | ж.

Заедничко име за двата континента Европа и Азија.

Европа | ж.

Континент.

европеизам | м.

Збор или израз што се употребува во поголем број европски јазици.

европеизација | ж.

Прифаќање на европската култура и на европскиот начин на живот. Европеизацијата на Балканот е подолг процес.

европеизира | св. и несв.

Направи, прави некој или нешто да добие обележја на европската култура. Тие ја европеизираа малата колонија.