еднодомен | прид.
(бот.) Растение што е со цветови од двата пола. Домашната лоза е еднодомно растение со хермафродитни цветови.
еднодруго | ср.
Разни работи. Си збирал, се вели, еднодруго, сè.
еднодушен | прид.
Што покажува висок степен на слога; едногласен, согласен. Еднодушна порака. Еднодушна оцена.
едноженец | м.
Тој што има, што е оженет со само една жена.
едноженство | ср.
Брак со една жена; моногамија.
еднозаб | прид.
Што има само еден заб.
еднозадруго | прил.
Едно по друго, нешто се случува во краток интервал со повторување или непрекинато. Еднозадруго затрештија громови.
едноземец | м.
Човек од иста земја со некој друг, земјак.
еднозначен | прид.
Што има само едно значење. Еднозначен збор.
едноимен | прид.
Што има исто име како некој друг, истоимен.