едновечерен | прид.

Што трае една вечер, што се случува во една вечер.

едновремен | прид.

Што се случува во исто време со нешто друго; истовремен.

едноврсен | прид.

Што е на исти години, што има иста возраст со некој друг.

едногласен | прид.

(муз.) Пеење во еден глас без разлика дали пее поедиец или група. Едногласно пеење, едногласни инструменти.

едногодишен | прид.

Што има една година, што е на возраст од една година, што трае една година.

едногрб | прид.

Животно со една грпка. Едногрба камила.

еднодневен | прид.

Што трае само еден ден. Еднодневна средба. Еднодневен излет.

еднодничење | ср.

Вид пост со јадење еднаш дневно.

еднодничи | несв.

Пости јадејќи еднаш дневно. еднододруго прил. Во непосредна близина, еден покрај друг, еден до друг. Децата спијат стиснати еднододруго.