еднофазен | прид.
Што се извршува во една фаза. Нашата работа ќе биде еднофазна.
едноцевен | прид.
Што има една цевка. Едноцевна пушка.
едноцевка | ж.
Пушка со една цевка.
едночасовен | прид.
Што трае еден час. Едночасовна програма.
едночинка | ж.
Драмска творба или театрска претстава во еден чин, во еден акт.
едночлен | прид.
Што содржи само еден член, еден дел од поголема целина. Едночлен израз. Едночлени имиња. Едночлени единици.
едночленски | прид.
едночудо | прил.
Многу, полно, во големо количество. Едночудо народ. Едночудо нарачки. Едночудо луѓе
еднојазичен | прид.
Што се служи со само еден јазик.
еднојајчен | прид.
Што се создадени, потекнуваат од една јајце-клетка. Еднојајчени близнаци.