едреник | м.

Вид брод што плови со помош на едра.

едренце | ср.

Мало едро.

едрење | ср.

Пловење со помош на едра.

едри | несв.

Се движи, плови со помош на едра.

едрилица | ж.

Пловен објект како поголем чамец што се движи, плови со едра, главно во спортски цели.

едриличар | м.

Човек што управува со едрилица.

едро | ср.

Вид јако платно со различна големина и форма во кое, кога е распнато, дува ветерот и го движи бродот (едреникот) или едрилицата под 1.

едукативен | прид.

Образовен.

едукација | ж.

Образование.

еж | м.

(зоол.) Мало животно од редот на цицачите, со боцки, игли по грбот; Erinaceus europaeus.