ек | м.
Звук што се слуша, што се шири; Бучен ек. Далечен ек.
Еквадор | м.
Држава во Јужна Америка.
екватор | м.
Замислена кружна линија што минува на еднакво растојание од половите на Земјината топка и ја дели на две полутопки.
Екватор | м.
Напоредник што ја дели Земјината топка на две хемисфери.
екваторијален | прид.
Екваторијална Гвинеја | ж.
Држава во Африка.
екваторски | прид.
Што се однесува на екваторот, што е покрај екваторот, што има карактеристики на земјите крај екваторот. Екваторска зона. Екваторски земји. Екваторски горештини.
еквивалент | м.
Тоа што е исто со нешто друго и може во целост да го замени.
еквиваленција | ж.
Иста, еднаква вредност.
еквидистанца | ж.