еквидистанција | ж.

Исто растојание, иста оддалеченост.

еквилибрист | м.

Акробат, циркуски артист што е вешт во одржување рамнотежа.

еквилибристика | ж.

Акробатска вештина во одржување рамнотежа.

еким | м.

Лекар.

екипа | ж.

Група луѓе со исти работни или други задачи.

екипаж | м.

Група луѓе, екипа што управува и одржува авион, брод, тенк итн.

екипен | прид.

Што се прави во екипа или по, меѓу екипи. Екипна работа. Екипни натпревари.

екипира | св. и несв.

Состави, пополни екипа.

екипираност | ж.

Опременост со луѓе и/или со материјал.

еклатантен | прид.

Очигледен, видлив, изразит.