економија | ж.
(само едн.) Проучување на економиката.
економски | прид.
Што се однесува на економија, на економика и на економ. Економско училиште. Економски факултет. Економски проблем. Економска состојба. Економска логика.
екосистем | м.
Природно единство, целокупност на живите организми и неживата природа на определен, ограничен простор; Заемните односи меѓу живите суштества и нивната природна животна средина; еколошки систем.
екот | м.
Звук произведен од нешто, кој се слуша на поголемо растојание; одек, одглас, ехо.
екоти | несв.
Звучи силно и се слуша, се шири наоколу.
екран | м.
Бело платно или друга бела површина врз која се врши проекција на филм или на слики, дијапозитиви и сл.
екранизација | ж.
Снимање филм според некое литературно дело; екранизирање.
екранизира | св. и несв.
Снима, сними филм според некое литературно дело.
екс- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење бивш: (ексминистер, експремиер).
екселенција | ж.
Превозвишеност, пресветлост; титулирање, обраќање кон висок дипломатски, државен или црковен претставник.