еколог | м.

Лице што се занимава со проучување на животната средина, на екологија.

екологист | м.

Член на движење за зачувување на здрава животна средина.

екологија | ж.

Наука за заемните односи на организмите меѓусебно и во однос на нивната околина, на животната средина.

економ | м.

Лице што раководи со нечиј имот или стопанство (приватно, манастирско, воено итн.).

економат | м.

Служба за снабдување во некое претпријатие или установа.

економизира | несв.

Штеди, работи економично.

економика | ж.

Стопанскиот систем на општеството.

економист | м.

Специјалист по економија.

економисува | несв.

Штеди. Населението научи да економисува со водата.

економичен | прид.

Што е штедлив, што умее да штеди.