екстремизам | м.
Претераност, непопустливост, непомирливост во постапките и во однесувањето, крајност.
екстремист | м.
Тој што е екестремен, што изразува екстремни ставови.
екстремитет | м.
Рака, нога, крак, краен дел од телото.
екстровертен | прид.
Што е насочен кон надворешниот свет, шта сака и бара друштво.
ексхумација | ж.
Ископување труп од гроб за да се извршат дополнителни испитувања за различни потреби (судски, медицински и др.) или за да се пренесе во друг гроб.
ексхумира | св. и несв.
Врши, изврши ексхумација.
ексцентричен | прид.
Што нема ист заеднички центар; што се оддалечува од центарот.
ексцес | м.
Истап, престап, отстапување од вообичаените норми на однесување.
ексцесен | прид.
Што отстапува од вообичаените или од пропишаните законски норми на однесување, што има особини на испад или престап.
Ел Ајун | м.
Главен град на Западна Сахара.