Ел Салвадор | м.
ела 1 | ж.
Зимзелено иглолисно дрво што расте по планини, често се сади по паркови, дворови итн.; Abies alba.
ела 2 | изв.
(само во форма на заповеден начин) Служи за повикување: Дојди, дојдете! Слушај, ела поваму!. Елате да видите!
елаборат | м.
Подробно разработен писмен приказ на некој проект, предмет и сл.
елаборација | ж.
Изработка, обработка.
елаборира | св. и несв.
Изработи, изработува, обработи, обработува.
Елада | ж.
Древна област на Балканскиот Полуостров, населена од Елените.
елак | м.
Место со многу ели, елова шума.
елан | м.
Полет, занес. Работен елан. Културен елан. Борбен елан. Творечки елан.
еластичен | прид.
Растеглив, што се враќа во првобитната форма по престанокот на дејството врз него.