електро- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење електричен или упатува на некаква поврзаност со електрицитет, со електрична енергија.
електроанализа | ж.
Анализа со помош на електролиза.
електрода | ж.
Електричен спроводник низ кој влегува или излегува електрицитет од електричен елемент.
електродинамика | ж.
Дел од науката за електрицитетот што го проучува движењето и дејствувањето на електричната струја и појавите поврзани со неа.
електроинженер | м.
Инженер во електротехничката струка.
електроинсталатер | м.
Лице што врши инсталација на електрична мрежа, работник во електротехничката струка.
електрокардиограм | м.
Графички приказ, снимка, како одделна постапка во медицината за истражување на работата на срцето, ЕКГ.
електролиза | ж.
Разложување на течностите со помош на електрична енергија.
електролит | м.
Материја, супстанција што може да се разложи со електролиза.
електромагнет | м.
Направа од фермомагнетно јадро со намотка од електични спроводливи жици, која се користи за електромотори и други уреди.