електромагнетен | прид.
Појава, процес или (обично) бран со магнетно својство предизвикано од влијанието на електрицитетот. Електромагнетни бранови (радиобранови, обична видлива светлина, ултравиолетова светлина, инфрацрвена светлина, рендгенски зраци, гама-зраци). Електромагнетна појава.
електромагнетизам | м.
Однос меѓу електричните и магнетните појави.
електромашински | прид.
Што е во заемен однос меѓу електрониката и машинството. Електромашинско одделение. Електромашински факултет. Електромашинска струка.
електромотор | м.
Мотор што работи на електричен погон, машина преку која се претвора електричната енергија во механичка работа.
електромоторен | прид.
Со својство постојано да ја одржува електричната енергија при движење. Електромоторна сила. Електромоторен погон.
електрон | м.
Една од основните честички на материјата, носител на негативниот електрицитет што кружи околу позитивно наелектризираното јадро во атомот.
електроника | ж.
Наука што се занимава со движењата на атомите во електричното и во магнетното поле и со практичната примена на тие процеси.
електронски | прид.
Што има својство за практична примена на атомите и на процесите што се јавуваат во електромагнетните полиња. Електронска брава. Електронска машина. Електронски систем.
електростопанство | ср.
Гранка од стопанството, која се занимава со искористување на природните извори на енергија за производство на електрична енергија, со пренос и со доведување на електричната енергија до потрошувачите.
електротехника | ж.
Област од техниката во која се проучува примената и искористувањето на електричните и на магнетните појави во практични цели.